Пејачот Стивен Тајлер обвинет за сексуално злоставување малолетничка

Стивен Тајлер, пејачот од „Aerosmith“ се соочува со обвинение за сексуално злоставување, сексуално вознемирување и намерно нанесување емоционална болка на малолетничка, објави „Page Six“.

Девојката по име Џулија Холкомб тврди дека Стивен го запознала на концерт на неговиот бенд во Портланд, по што, како што навела во судските документи, отишле во неговата хотелска соба.

Џулија му кажала дека е малолетна, но рокерот, според нејзиното тврдење ја силувал, а следното утро ја испратил дома со такси.

Злоставувањето, како што тврди девојката, се случило во 1973 година, кога  таа имала 16, а Тајлер 25 години.

Една година подоцна музичарот, тврди Џулија, ја убедил нејзината мајка да му дозволи да стане нејзин законски старател така што наводно ѝ ветил дека ќе се грижи за неа и ќе ја запише на училиште. Тој тврди дека бил заљубен во девојката.

Во 1975 година наводно забременила од него, но во тужбата тврди дека Стивен инсистирал таа да абортира и дека и давал да конзумира дрога.

30.12.2022 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега