Пазарните инспекторите го замолија Заев да не го разрешува Пауновски - Владата одлучува дали тој ќе замине од функцијата

Заврши средбата меѓу пазарните инспектори и премиерот Зоран Заев во Владата за евентуалното разрешување на директорот на ДПИ, Стојко Пауновски. Меѓутоа, по средбата инспекторите не дадоа изјави за медиумите.

Заев, пак, одговарајќи на новинарско прашање рече дека  ги слушнал ставовите на инспекторите, и дека ќе ги презентира на Влада, која ќе донесе конечен став околу негово разрешување.

-Ги слушнав аргументите на инспекторите, нивните аргументи ќе ги презентираме на владата, и владата ќе донесе одлука за Пауновски. Јас ќе оставам Владата да одлучи. Да не излезе дека преку медиумите носиме одлука. Ќе ги кажам моите ставови, ставови на вработените во ДПИ, на Стојко Пауновски, ќе ги кажам сите аргументации на одговорно владеење. Секако дека согласно етичкиот кодекс имаме плеада на можности како да постапиме, но согласно и законските регулативи. Зборувам и за предлог за разрешување, и предлог на останување. Важно е да се почитува законот, одлуките, ефикасност во работењето и етички пристап во нашето делување. Ќе го кажам тоа на влада, рече Заев.

Како дел од аргументите на инспекторите биле дека Пауновски бил добар човек и го унапредил работењето на ДПИ.

Дали коалицискиот партнер ДУИ има исто така барање за разрешување на Пауновски, Заев одговори:

-Коалициониот партнер нема никакви барања за разрешување или неразрешување на директорот на ДПИ. Да се препукувате со премиерот преку медиумите, а да не дојдете да побарате директно помош, не е дозволиво. Тој е политички поставен на ДПИ, беше претседател на општински сојуз на СДСМ пред неколку дена. Го барав, не крена телефон. Имаме воспоставен однос, и не ни треба такво препукување. Но, каква и да биде одлуката, соработката со Пауновски ќе продолжи, рече Заев.

На денешната владина седница ќе се разговара и за разрешување на Пауновски поради непочитување на владина одлука и непочитување на етичкиот кодекс.

Пауновски одби да прими 35 рамковни вработени од Министерството за политички систем на Артан груби. Пауновски ги одби зашто, како што рече, тие не се квалификувани, а на инспекторатот потребни му се инспектори во источна Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега