Пауновски: Mолиме Бога инспекторите да бидат здрави и живи и да издржат да ги завршат сите работни задачи

Работите тргнаа од мртва точка, Владата вети дека наредната година ќе ни бидат одобрени барем 20 нови вработувања, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, коментирајќи го недостатокот на инспектори.

„Одговорно ви кажувам дека работите тргнаа од мртва точка. Преку Инспекцискиот совет, не само за пазарниот, туку и за другите инспекторати, направена е анализа за потреба на нови инспектори. Ние можеби имаме вишок администрација, од која не можеме да земеме кадар за инспекцискиот оддел. Она што Владата го презема е дека наредната година ќе ни излезе во пресрет и ние ќе ги добиеме барем тие 20 нови вработувања, претежно на инспектори“, истакна Пауновски.

Пауновски упати благодарност до медиумите што го отвориле прашањето за проблемите со кадровската екипираност. На прашањето како се снаоѓаат да одговарат на работните задачи со помалку инспектори од што им се потребни, Пауновски вели:

„Сите инспектори молиме Бога да бидат здрави и живи и да издржат и да ги завршат сите работни задачи што ни се дадени. Се што ни е дадено како задача, се трудиме максимално да го испочитуваме и да ја завршиме работата како што треба. Не постои место каде инспекторите не пристапуваат и каде е потребна, контрола, а таа да не е извршена. Затоа и можеби и во последните недела дена намалени се и кривичните пријави, бидејќи и луѓето сфатија дека инспекторите се на терен, дека треба да ги почитуваат протоколите. Она што ни се случува со прекубројноста на новозаразени и починатите, почна полека да ја враќа свеста кај граѓаните и кај стопанските субјекти кои се предмет на нашите контроли“, истакна Пауновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа