Патник се заканувал со бомба во авион на Сингапур Ерлајнс

Патнички авион на Сингапур ерлајнс бил пресретнат од два сингапурски борбени авиони откако патник упатил закана за бомба.

Авионот бил на лет меѓу Сан Франциско и аеродромот Чанги во Сингапур, кога 37-годишен патник рекол дека има бомба во рачниот багаж и ги нападнал членовите на екипажот.

– Два наши авиони F16C/D беа подигнати за да го придружуваат лет на Singapore Airlines кој пристигнува од Сан Франциско до Сингапур. Причината е закана за бомба во авионот, а нашите борбени авиони го следеа додека не слета безбедно – соопштија од воздухопловните сили на Сингапур.

Поради овој случај била мобилизирана и сингапурската војска која открила дека се работи за лажна закана и дека воопшто нема бомба.

Летот од Сан Франциско до Сингапур траеше 16 часа и 25 минути, а патничкиот Ербас СЕ А350 на крајот слета на аеродромот Чанги без одлагање. Проблематичниот патник е уапсен.

Сингапур ерлајнс им се извини на патниците. Оваа компанија важи за една од најбезбедните во светот, но и во минатото имала слични инциденти.

Во 2019 година, една жена на лет меѓу Мумбаи и Сингапур беше приведена на испрашување откако пилотот пријавил закана за бомба. Една година претходно, патник исто така тврдеше дека има бомба, а и тогаш беа подигнати борбени авиони. Тој е казнет со 4.500 долари, пренесе Аваз.ба.

28.09.2022 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа