Close Menu
Press24
    Најново

    4 знаци на неуредна жена: тврди Кристијан Диор

    12.03.2026 во 23:41

    Петровска за 24 Анализа: Местото на сите пратеници меѓу кои и на Филипче денеска беше во Собранието

    12.03.2026 во 23:17

    Најлошиот петок 13-ти по 45 години

    12.03.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 4 знаци на неуредна жена: тврди Кристијан Диор
    • Петровска за 24 Анализа: Местото на сите пратеници меѓу кои и на Филипче денеска беше во Собранието
    • Најлошиот петок 13-ти по 45 години
    • Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата
    • Нетанјаху призна: Израел стои зад ликвидацијата на врвните ирански нуклеарни научници
    • Костадиновски: Да не се кратат платите- туку да се расчисти со судиите и обвинителите кои го валкаат образот на фелата
    • 15-годишно момче пукало со пиштол кон врсник во Скопје, другар му само фрлал камења
    • Вашингтон на „тенок мраз“: Како САД ќе одговорат на последната ескалација со Иран?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Патарините во Грција поскапуваат за 20 отсто – еве колку ќе ве чини патот до море

    Патарините во Грција поскапуваат за 20 отсто – еве колку ќе ве чини патот до море

    05.01.2026 во 10:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Грчките власти започнаа со примена на новиот ценовник за патарините на автопатот „Егнација Одос“. Цените на наплатните рампи се зголемени во просек за 20 проценти, што директно ќе влијае врз трошоците на македонските туристи кои патуваат кон познатите летувалишта.

    Првата промена патниците ќе ја почувствуваат веднаш по преминот Евзони. Првата наплатна рампа, лоцирана на само 500 метри од границата, сега наплаќа 2,95 евра за автомобили, што е зголемување за 55 центи.

    На обиколницата во Солун (Ореокастро), патарината за автомобили сега изнесува 0,65 евра, додека кај Аспровалта цената е зголемена од 1,1 на 1,40 евра.

    Колку ќе ве чини патувањето до најпопуларните дестинации:

    Атина: За патување од Солун до главниот град ќе треба да поминете 11 рампи и да платите вкупно 33,25 евра.

    Халкидики: Ако патувате преку обиколницата, вкупниот трошок е 3,60 евра (2,95 на Евзони и 0,65 на обиколницата). Преку центарот на Солун се плаќа само на Евзони.

    Тасос: Од Евзони има пет наплатни рампи со вкупна цена од 8,55 евра. Преку Дојран, трошокот е 5,90 евра.

    Лефкада: Осум наплатни станици ќе ве чинат вкупно 17,10 евра.

    Крф, Парга и Врахос: Патарината до овие дестинации изнесува вкупно 13,25 евра.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ФОТО: Си замина мирно во сон – Последната фотографија од актерот Кили

    12.03.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.