Close Menu
    Најново

    Утре без вода поголем дел на општина Центар

    28.12.2025 во 15:52

    Во Кочани ќе се отвори првата собраниска канцеларија на пратеникот Павле Арсоски

    28.12.2025 во 15:52

    Османи: Се надевам на побрзо формирање на косовските институциите по денешните избори

    28.12.2025 во 15:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Утре без вода поголем дел на општина Центар
    • Во Кочани ќе се отвори првата собраниска канцеларија на пратеникот Павле Арсоски
    • Османи: Се надевам на побрзо формирање на косовските институциите по денешните избори
    • Полицајците масовно апсат: Фатени повеќе пијани возачи
    • Полицијата најде 9.000 парчиња пиротехника – едно лице заврши зад решетки
    • Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице
    • Трендафилов: Срамно е да се фалите со покачување на минималецот за 1.500 денари
    • Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall

    Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall

    25.10.2025 во 13:20Updated:25.10.2025 во 13:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Денес се одржа улична парада по повод вториот роденден на Diamond Mall. Парадата, која е наменета за најмладите, ја предводеа 20 добро познати маскоти на популарни ликови од детските анимирани филмови.

    Парадата под мотото „Да зборуваме и да покажеме дека ни е грижа“, стартуваше од градскиот плоштад, а заврши кај Diamond Mall, каде се одржа детската роденденска забава.

    На забавата настапуваа познатите ликови Биби и Боби, а беше организиран и квиз, со богати награди и многу изненадувања. Се одржа и креативна работилница „Бојадисај куќичка за куче“ на која децата декорираа куќички за милениците кои ќе му бидат донирани на јавното претпријатие за благосостојба на бездомни животни „ЛАЈКА“ од Скопје. Роденденските активности по повод вториот роденден на Diamond Mall почнаа на 20 октомври, кога беше отворена Зоната за донации, каде посетителите можат да остават храна и опрема за миленици, кои потоа ќе му бидат донирани на ЈП „Лајка“.

    Oд 24 до 26 октомври се одржува и Саем за храна за миленици на кој учествуваат компании од оваа индустрија кои нудат совети за правилна грижа за животните. На специјалниот ветеринарен штанд посетителите имаат можност за консултации со ветеринари за нивните домашни миленици, а оние што сакаат да вдомат бездомно куче можат да ги видат и изложените фотографии од бездомните кучиња и да се сретнат со нив

    . Утре е централната прослава на роденденот, односно хуманитарниот концерт, што ќе се случува во атриумот на Diamond Mall со почеток во 12 часот.

    На концертот ќе настапат популарните пејачи Тамара Тодевска, Лозано и Викторија Лоба, а специјален гостин ќе биде музичката легенда Драган Мијалковски. Влезот за концертот е бесплатен, а единствен услов, во духот на целиот настан, ќе биде да се донесе минимум еден килограм храна за кучиња, која потоа ќе ѝ биде донирана на ЈП „Лајка“, кој е партнер на Diamond Mall во реализација на овој хуманитарен настан. Во 14.00 часот ќе бидат објавени добитниците од роденденската наградна игра, по што концертот продолжува.

    Diamond Mall официјално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на Лајф-центар стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава.

    Популарно

    Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

    28.12.2025 во 14:22

    Ако имате текстилен отпад, фрлајте го во посебните контејнери: Кисела Вода со нов чекор за селектирање отпад

    26.12.2025 во 10:09

    Дојде зимата – каде има снег во моментов

    24.12.2025 во 13:20

    ДУИ: Без извинување, без оставка – понижувањето на албанските службеници продолжува

    28.12.2025 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.