Пар во Милано ги тргнал маските па се бакнале- полицијата веднаш ги опколила

Двојката од Милано е казнета со 400 евра затоа што се бакнувала на улица, ипритоа ги тргнале маските.

Ова е спротивно на ограничувањата наметнати како заштитни мерки од коронавирусот.

Откако се бакнале на патот до ресторанот, како што објави Дејли Меил, биле опколени од полицијата.

Локалните медиуми објавија дека станува збор за 40-годишен Италијанец и жена од Полска, а тие биле верени две и пол години.

И покрај тоа што на полицајците им биле прикажани слики и пораки како доказ дека биле во врска, полицајците продолжиле да ги испрашуваат.

Проблемот беше затоа што тие имаа одделни адреси.

Во оваа земја, една од мерките е носење маски за сите луѓе, освен за оние кои живеат заедно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега