Папата Франциск за првпат со заштитна маска

 

Папата Франциск за првпат се појави со маска за време на функција, при денешното присуство на молитвите за мир ширум светот со други верски водачи.

 

Папата носеше бела заштитна маска за време на службата во римската базилика „Санта Марија“ во Аракеола. Тој досега носеше маска само во автомобилот што го превезуваше на неделната аудиенција во Ватикан.

Тој се најде на мета на критики, особено на социјалните мрежи, поради тоа што не носеше маска на своите аудиенции и повремено доаѓаше во релативно близок контакт со посетителите.

Папата Франциск беше на миса со други христијански челници во базиликата, вклучувајќи го и патријархот Вартоломеј, духовниот водач на православните христијани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега