Хрватска се соочува со сериозен недостиг на гориво кој почна да ги затвора бензинските станици ширум земјата. Најкритична е состојбата во помалите места како Удбина, каде едната пумпа е веќе под клуч со „завиткани диспензери во пластика“, додека таа на ИНА работи само до 13 часот.
Локалното население е во паника бидејќи најблиските активни пумпи се оддалечени со десетици километри.
„Не е добро, најблиската пумпа ни е во Грачац. Тешко е, навистина тешко, полниме каде што ќе стигнеме“, се жалат анкетираните граѓани за хрватските медиуми.
Од ИНА велат дека ја следат ситуацијата, но засега немаат планови за продолжување на работното време, што дополнително го зголемува стравот кај возачите.


