Close Menu
Press24
    Најново

    Драма на матурска екскурзија: Ограбени средношколци во Шпанија, крадците влетале во собите со ножеви

    25.02.2026 во 10:45

    Обвинителите се бунат: Не сакаме пониски плати, имаме најниски во регионот

    25.02.2026 во 10:41

    СДСМ: Куќниот притвор за Груби е доказ дека овде правда нема

    25.02.2026 во 10:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Драма на матурска екскурзија: Ограбени средношколци во Шпанија, крадците влетале во собите со ножеви
    • Обвинителите се бунат: Не сакаме пониски плати, имаме најниски во регионот
    • СДСМ: Куќниот притвор за Груби е доказ дека овде правда нема
    • Бака Прасе е исплашен за животот, бега од Србија – Еве каде планира да се пресели
    • Си-Ен-Ен тврди дека протекоа десетици документи за Епштајн: Најшокантно е со кого се поврзани
    • Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен
    • Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“
    • Патнички авион изрешетан со куршуми, Боинг 737 слета во Мајами со дупки во крилото
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Панел дискусија: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“

    Панел дискусија: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“

    25.02.2026 во 08:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“, на која ќе биде презентиран документот за јавни политики „Медиумскиот екосистем и странското мешање и манипулирање со информации (СММИ)“.

    Според соопштението на Институт за комуникациски студии, странското мешање и манипулирање со информации претставува сложен системски ризик за демократските општества, кој се појавува и се засилува преку медиумите. Овој феномен се остварува преку координирани активности на странски државни и недржавни актери, нивни посредници и усогласени канали, користејќи ја економската, институционалната и дигиталната ранливост на медиумите за влијание врз јавната дебата и довербата во институциите. Македонскиот медиумски екосистем не е имун на овие ризици, кои се поттикнати од институционални и системски слабости, што ги прави медиумите подложни на злоупотреби во координирани надворешни кампањи.

    Авторите на документот, Марина Тунева и Драган Секуловски, ќе ги презентираат клучните наоди и препораките, додека претставници на медиумите ќе споделат искуства за онлајн напади врз комуникациските канали на редакциите.

    Директорот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, како и раководителката на секторот за сајбер безбедност во Министерството за дигитална трансформација, Тања Милановска Најдовски, ќе дадат осврти за тоа како овие предизвици се адресираат преку новите европски медиумски закони, меѓу кои Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), Законот за дигитални услуги (DSA) и Европскиот закон за сајбер безбедност (EU Cyber Security Act).

    Настанот го организира ИКС во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

    Популарно

    Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото

    25.02.2026 во 08:13

    Собранието расправа за платите на функционерите, судиите, обвинителите

    25.02.2026 во 08:06

    Ужас во регионот: Наместо вода бабата му сипала бензин, бебето течноста ја испило во градинка и се затруло

    25.02.2026 во 09:15

    Што значи ако кокичињата цветаат пред крајот на февруари – еве зошто треба да бидеме загрижени

    25.02.2026 во 09:20

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.