Пандов: Ванчо Михајлов е дел од црната македонска историја, а Бугарите со него сакаат да нè провоцираат

 

Претседателот на Патриотскиот институт Гоце Делчев на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија, при што кажа кажа дека отворањето на културниот центар во Битола бил провокација од бугарска страна.

 

Пандов смета дека отворањето на центарот и именувањето во Ванчо Михајлов е провокација за македонскиот народ.

„Ванчо Михајлов е дел од црната македонска историја, а Бугарите смислено го стават тоа име за да нè провоцираат нас. Исто како што сега го прават со тоа вето, и ним и на Бугарите им е јасно дека со тоа ни прават штета“, вели Пандов.

07.06.2022 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега