Пандов: На овие кои се на власт им е страв да го наречат Гоце Делчев Македонец, да кажат дека е роден во Македонија

 

Во вечерашната емисија „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс гостуваше Александар Пандов, претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ каде што истакна дека Македонија како држава во очите на сите релевантни институции паѓа, паѓа и довербата во институциите и во судството.

– Македонија како држава во очите на сите релевантни институции паѓа, паѓа и довербата во институциите во самата Македонија. Дури и граѓаните не веруваат во институциите. Но на власта тоа не им е важно. На власта единствено им е важно да вршат и да го држат под притисок ВМРО-ДПМНЕ, истакна Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов додаде дека власта преку своите инсталации во судството врши терор и притисок врз своите неистомисленици, и нормално поради тоа во Македонија владее хибриден режим. Поради власта Македонија добива негативни извештаи од меѓународни институции.

– Немаме судство. Ние имаме сега судство на Заев. Се закануваа пред да дојдат на власт дека ќе имало ветинг дека ќе имало тотален реизбор на сите судии, им земаа страв и судиите и судат онака како што ќе им јави. Дали тој, дали некој адвокат негов дали Маричиќ или Љупчо Николовски кој и да е. Но апсолутно ние гледаме дека во Македонија, гледај какви злоупотреби Зоран Заев направи тој е човек кој што нема душа едноставно, кој што во буквална смисла гази преку лешеви за да дојде до сопствената цел. Мене ми е грав да говорам за Никола Младенов па има фамилија тој човек има сопруга. Беше злоупотребен и случајот Мартин Нешковски, беше злоупотребена Тамара, беше злоупотребено смилковско езеро и случајот Монструм. Нема нешто што го зборуваше Зоран Заев а што излезе дека е така и дека е вистина, истакна Пандов.

Пандов посочи дека тој како претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ заедно со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ  денес положиле цвеќе на цвеќе на споменикот на Гоце Делчев. Пандов укажа дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, денеска СДСМ  целосно заборави на сетоа ова.

-Денес заедно со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ положивме цвеќе  на споменикот на Гоце Делчев  мислам дека супер го одбележавме. Апсолутно е дека на власта и смета Гоце Делчев  им смета сега на Заев и на овие кои се на власт.Заев не го нарекува Гоце Делчев револуционер  кој потекнувал од територијата на Македонија. На нив им е страв да го наречат дека е Македонец, дека е роден во Македонија, дека говорел македонски јазик.Кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има јасна линија, јасно сознание што е Гоце Делчев, кој е Гоце Делчев  и тој од тоа ниту се срами, ниту се плаши да каже, а од друга страна  Зоран Заев колку пати беше удиран по уши  ако го спомне зборот Македонија, ако го спомне макеоднскиот јзик, македонски народ  и за тоа многу добро знааат граѓаните, истакна Пандов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2021 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега