На социјалната мрежа Фејсбук, кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, соопшти дека ќе поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба.

  • Врз основа на чл.272 од Законот за Кривична постапка до МВР и Јавното обвинителство на РМ, по пат на допрен глас, јас Владимир Панчевски од Скопје, поднесувам,

КРИВИЧНА ПРИЈАВА

против:

1. Башким Бесими од Тетово, претседател на Советот на јавни обвинители

2. Марјана Илиеска од Прилеп, заменик претседател на Советот на јавни обвинители

3. Јелена Догазанска Колева од Скопје, член на Советот на јавни обвинители

4. Зорица Павловиќ од Скопје, член на Советот на јавни обвинители

5. Ермон Незири член на Советот на јавни обвинители

6. Кети Петкова член на Советот на јавни обвинители

7. Светлана Стојковиќ член на Советот на јавни обвинители

8. Душица Димитриеска член на Советот на јавни обвинители

9. Ардиан Демири член на Советот на јавни обвинители

10. Фатих Алиу член на Советот на јавни обвинители

За кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.1 вв со чл. 22 од Кривичниот законик

Оваа кривична пријава е одраз на трулиот судско – обвинителски систем и предизвик Јавното обвинителство и МВР да отворат постапка по допрен глас и да расчистат со контаминираните кадри кои незаконски одлучуваат потешко повредувајки ги правата на граѓаните, носат селективна правда и го рушат угледот на судскиот систем.

Ги повикувам Владата и органите на прогонот да се охрабрат и веднаш да постапат по оваа пријава за директна злоупотреба од страна на пријавените.

Јавноста да го следи случајот! Од сите нас зависи!, напиша тој.

Exit mobile version