Панчевски бара укинување на притворот, не добил решение дека е разрешен од функцијата судија

 

Во Судот во Велес денеска почна судењето на поранешниот претседател Кривичниот суд – Скопје, Владимир Панчевски, на кој му се суди за злоупотреба на АКМИС Системот .

Неговите адвокати побараа од судечкиот совет да му се укине притворот, бидејќи според нив, судијата Панчевски има имунитет, пренесува Сител.

Обвинителот во предметот рече дека имало таква одлука, а за неа информирале медиумите.

Судијата кој го води предметот Валентина Ѓорѓиевска на почетокот на судењето на бројните новинарски екипи им забрани да ги користат телефоните за информирање на јавноста и побара да ги приложат на видно место на обвинителната маса.

Дополнително забрани телевизиските новинари во текот на судењето да излезат од судницата и известуваат во живо и објасни дека ако тоа го сторат немаат право да се вратат во судницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега