Close Menu
    Најново

    Зголемени цените на угостителските услуги

    07.10.2025 во 23:46

    Трипуновски: Развојот на земјоделството е приоритет на кој работиме

    07.10.2025 во 23:27

    Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

    07.10.2025 во 23:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Зголемени цените на угостителските услуги
    • Трипуновски: Развојот на земјоделството е приоритет на кој работиме
    • Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија
    • Албанија официјално се приклучи кон СЕПА
    • Мисајловски: Во Гостивар се гледа дека промените се потребни, а народот е подготвен да ги поддржи
    • Светозаревиќ: Фокусот на идниот состав на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, ќе се насочи кон решавање на најгорливите прашања на нашата општина
    • Шукова за 24 вести: БРТ системот е најбрзото и најадекватно решение за јавниот превоз во Скопје
    • Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Панче Тошковски: Нема да поднесам оставка – очајни сте

    Панче Тошковски: Нема да поднесам оставка – очајни сте

    07.10.2025 во 21:45
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“! Вака реагира првиот човек на МВР, Панче Тошковски откако по денешниот инцидент во Куманово, од СДСМ побараа негова оставка.

    „Во последните денови сме сведоци на уште еден бран од очајни, неосновани и политички мотивирани напади од СДСМ кон мене. Искрено, разбирам дека очајот е огромен кога секоја нова анкета им ја топи поддршката побрзо отколку што тие успеваат да измислат нова лага, но оваа хистерија што ја гледаме не е политичка дебата, туку очај маскиран во соопштение.

    Помина повеќе од една година во која секојдневно активност на прес-центарот на СДСМ не е ништо друго освен папагалско повторување на зборовите: „Оставка за Тошковски!“. Секој ден, истата реченица, иста интонација. Изгледа како да добиле упатство без разлика која е темата, одговорот мора да биде „оставка“. Еден ден тоа е безбедноста, друг ден животната средина, третиот парното во зграда. Нема да бидам изненаден ако СДСМ утре излезе со итно соопштение дека јас сум лично одговорен и за недостигот на сончеви зраци во Скопје. Кај нив, секоја тема е добра, само ако може да се спакува во зборот „оставка“. Таквите небулози само покажуваат колку е изгубена партијата што нема аргументи, па се обидува да произведе скандал од секој еден случај. Истата матрица ја гледаме и во обидите да се прикаже дека припадници на МВР воделе партиски состаноци по месни комитети. Тоа не е загриженост за институцијата, тоа е страв од институција што конечно не им е под команда. Кога не можат да најдат реален пропуст го измислуваат. А кога ќе се појави вистински настан, како денешниот инцидент со пукање во Куманово, веднаш го претвораат во нова доза на политичка хистерија. Пред да заврши увидот, пред да се појават првичните наоди, тие веќе бараат оставка. За нив секој трагичен настан е средство за политичка пресметка и наместо за момент да покажат барем минимална човечност и почит, веднаш трчаат пред камери. Тоа не е грижа за државата, тоа е очај маскиран во политика.

    И додека тие глумат загриженост, реалноста е сосема поинаква. Очигледно е дека многу нешта им пречат, особено тоа што конечно институциите работат, а правдата им тропа на врата. Па во оваа прилика би сакал јавно да ги прашам:

    – Толку ли многу ви смета што покренавме кривични постапки против корумпирани судии и обвинители?

    – Толку ли многу ви смета што расчистивме 14 криминални банди кои се занимаваа со дрога, трговија со луѓе и тешки убиства, токму додека министер за внатрешни работи беше човек од СДСМ?

    – Толку ли многу ви смета што уапсивме членови на терористички ќелии?

    – Толку ли многу ви смета што поднесовме кривични пријави против поранешен министер за култура, поранешен директор на ЕСМ, поранешен директор на затвор, поранешни градоначалници, корумпирани директори на здравствени и други државни институции кои сметаа дека и оваа власт ќе продолжи исто како вас да го поддржува, а не да се бори со криминалот и корупцијата?

    Очигледно е дека не ви пречи начинот на кој работам, туку резултатите од таа работа, бидејќи конечно после вас, МВР не е алатка за остварување на теснопартиски и бизнис интереси на поединци поврзани со власта, туку инструмент за спроведување на законот.

    И токму затоа, не ме чуди што повторно се координирате во нападите. Јас сум првиот министер во историјата на Македонија кој за една година преживеал две интерпелации – една од Левица и една од ДУИ. Очигледно, единственото што недостига за да ја заокружите оваа „необична коалиција“ е СДСМ да се приклучи со своја трета интерпелација. Па така после година и пол постојани барања за оставка, би било политички коректно конечно сите заедно да застанете на иста страна, барем во очајот и да поднесете и трета интерпелација која ќе биде уште една шанса да ги спротивставиме вашите осум години хаос и уништување на системот со нашите година и половина мерливи резултати.

    Јас нема да си поднесам оставка, напротив додека вие се занимавате со спинови и конструкции, ќе продолжам со решавање на проблеми и расчистување со нередот кој го оставивте. За вас политиката е шоу, за нас е одговорност. А тоа, почитувани, е разликата помеѓу власт што руши и генерација што гради. За десетина дена, на локалните избори, ќе го видите резултатот од вашето најгласно „оставка“. Тоа ќе биде моментот кога зборовите ќе се судрат со делата и граѓаните ќе кажат кој работел, а кој само ширел паника и хистерија, пишува министерот на социјалните мрежи.

    Популарно

    Ахмети: Како може Македонците да ни избираат градоначалник во Тетово?

    07.10.2025 во 10:14

    Голема трагедија го потресе регионот: Го застрелал Срѓан мислејќи дека е дива свиња

    07.10.2025 во 09:36

    Ако „преживее“ фон дер Лајен ќе дојде во Скопје на 4 дена пред избори

    06.10.2025 во 21:00

    Прочитајте што се ви е потребно за влез во ЕУ по 12 октомври

    06.10.2025 во 21:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.