Палмер: Билатералниот спор со Бугарија да се решава надвор од пристапниот процес

Пристапниот процес кон Европската унија треба да зависи од адресирањето на неопходните реформи, а билатералните прашања да се решаваат на билатерален начин, изјави за Гласот на Америка заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија, Метју Палмер.

Според него, пристапниот процес треба да се базира на принципи, а Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата Меѓувладина конференција, рече Палмер додавајќи дека спорот со Бугарија треба да се решава надвор од интегративниот процес.

Помошникот државен секретар се надева оти првата Меѓувладина конференција ќе се одржи за време на германското претседателство.

-„Северна“ Македонија има направено доволно за да се квалификува за Меѓувладината конференција, и мислам дека мнозинството членки на ЕУ се јасни во тоа. Ќе продолжиме да работиме со нашите европски партнери да се исполни тоа. Ќе направиме сè што можеме да го подготвиме теренот, и ќе продолжиме јавно да ја демонстрираме нашата силна поддршка за придвижување на „Северна“ Македонија кон членството во ЕУ, рече Палмер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега