Палевски бара иземање на судијата Ивица Стефановски

 


Oбвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски Љупчо Палевски Палчо бара иземање на судијата Ивица Стефановски.

Како што вели, судот пристрасно констатирал и донел решение дека доказите кои се во негова корист, не може да ги изведе затоа што се веќе биле изведени.


„Тоа не е точно затоа што без согласност од обвинетиот Љ.П. судијата дозволи да се читаат наслови и датуми и по една реченица без притоа да се објасни тој доказ каде е пронајден и под која околност е вештачен. Мојот обид да изнесам пред судот докази кои се во моја корист процедурално, вешто и некоректно е одбиено од процедурални причини за тоа ќе побарам и изземање на судијата Ивица Стефановски. Причината е во листата која е пред вас, е доказ број 7 ако може да го прочитам, вештачење од судска медицина од 15.12.2023 година во листата на докази на ОЈО Скопје постојат три писмени извештаи од истата институција“, додаде Палевски.

Според него, ОЈО не ги изложило тие докази како докази во негова корист туку сосема обратно ги изложило како докази против него.

07.03.2025 - 12:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега