Close Menu
Press24
    Најново

    Зимата допрва доаѓа, се најавува сериозен снежен бран на Балканот

    22.03.2026 во 12:41

    Николоски: Браната Отиња ќе биде готова до 2027,Штип ќе добие вештачко езеро налик на Мавровското

    22.03.2026 во 12:09

    Платил 2.000 евра за возачка дозвола на сопругата, но никогаш не ја добила – измама во Гостивар

    22.03.2026 во 11:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зимата допрва доаѓа, се најавува сериозен снежен бран на Балканот
    • Николоски: Браната Отиња ќе биде готова до 2027,Штип ќе добие вештачко езеро налик на Мавровското
    • Платил 2.000 евра за возачка дозвола на сопругата, но никогаш не ја добила – измама во Гостивар
    • Дневен хороскоп: Силна интуиција за Овните, Вагите под налет на емоции, еве што ги чека Рибите
    • Кумановец „падна“ во рацете на полицијата: Пронајдена дрога и дигитална вага при претрес
    • Денеска се Младенци: Денешниот ден го открива времето за цела пролет, а еве што треба да јадете за здравје
    • Клучни разговори во Флорида: Тимот на Трамп и украинските преговарачи бараат излез од војната
    • СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами, цените во маркетите веќе вртоглаво растат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пакетче за секое дете и многу забава во Кисела Вода

    Пакетче за секое дете и многу забава во Кисела Вода

    30.12.2025 во 17:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во празнична и весела атмосфера, денеска во паркот „Шопен“, во рамки на манифестацијата „Новогодишна приказна“, Општина Кисела Вода организираше настан на кој беа поделени новогодишни пакетчиња за најмладите.

    Со оваа акција, заедно со пакетчињата што претходно беа поделени, општината израдува вкупно 7.000 деца со бесплатни новогодишни пакетчиња, потврдувајќи ја континуираната грижа за најмладите жители.

    Настанот беше исполнет со насмевки, детска радост и забава, за што се погрижија Дедо Мраз, Гринч и разиграните аниматори. Посебен сјај на програмата ѝ дадоа дечињата од градинките „8-ми Март“ и „Весели Цветови“, како и учениците од основните училишта „Круме Кепески“ и „Невена Георгиева – Дуња“, кои настапија со свои музички точки.

    Присутните уживаа и во театарската претстава на театарот „Отпишани“, додека за динамичната и енергична атмосфера беше задолжен Ди-Џеј Марио со труба. Најголемото воодушевување кај децата го предизвика спектакуларното појавување на Дедо Мраз, кој излезе од огромна кутија со помош на своите вредни џуџиња.

    Празничната атмосфера продолжува и вечерва со новогодишниот базар, каде посетителите ќе уживаат во настапите на Бока Конга и Боби Сакс, повторно Ди-Џеј Марио со труба, а вечерта ќе биде заокружена со безвременските хитови на Миле Кузмановски. Целиот настан ќе го води Миро Кацаров.

    Воедно, упатуваме покана до сите граѓани утре, на плоштад „Македонија“, каде што, во организација на Град Скопје, ќе се одржи голем заеднички пречек на Новата година, заедно да ги прославиме новите почетоци и уште повеќе радости во годината што доаѓа.

    Популарно

    Зимата допрва доаѓа, се најавува сериозен снежен бран на Балканот

    22.03.2026 во 12:41

    Николоски: Браната Отиња ќе биде готова до 2027,Штип ќе добие вештачко езеро налик на Мавровското

    22.03.2026 во 12:09

    Платил 2.000 евра за возачка дозвола на сопругата, но никогаш не ја добила – измама во Гостивар

    22.03.2026 во 11:51

    Дневен хороскоп: Силна интуиција за Овните, Вагите под налет на емоции, еве што ги чека Рибите

    22.03.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.