На 02/03.10.2025 во атар на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга ги приведоа Н.Т.(37) и К.Ѓ.(31), а на службен разговор во присуство на родител повикаа 15 – годишник, сите од село Мислешево.

Тие се затекнати на локален пат помеѓу селата Требеништа и Мислешево при нелегален транспорт на огревно дрво со возило „мицубиши паџеро“ без регистарски таблички, кое го управувал Н.Т..

Откако ги забележал полициските службеници ја зголемил брзината, но набргу го запрел возилото и тројцата се обиделе да побегнат, но биле фатени.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

Exit mobile version