Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Куманово: Пронајдено тело на почината жена

    22.03.2026 во 13:33

    Трагедија во Истанбул: Се урнаа две згради, во тек е голема спасувачка операција

    22.03.2026 во 13:20

    Мицотакис со порака до туристите: Нема причина за загриженост, Грција е безбедна дестинација

    22.03.2026 во 13:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Куманово: Пронајдено тело на почината жена
    • Трагедија во Истанбул: Се урнаа две згради, во тек е голема спасувачка операција
    • Мицотакис со порака до туристите: Нема причина за загриженост, Грција е безбедна дестинација
    • Филмска уцена во Тетово: Барал 5.000 евра за да не објави снимки од разговори
    • Зимата допрва доаѓа, се најавува сериозен снежен бран на Балканот
    • Николоски: Браната Отиња ќе биде готова до 2027,Штип ќе добие вештачко езеро налик на Мавровското
    • Платил 2.000 евра за возачка дозвола на сопругата, но никогаш не ја добила – измама во Гостивар
    • Дневен хороскоп: Силна интуиција за Овните, Вагите под налет на емоции, еве што ги чека Рибите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа потписи: Меморандум за заедничко десјтвување за Скопје – европска престолнина на културата

    Паднаа потписи: Меморандум за заедничко десјтвување за Скопје – европска престолнина на културата

    29.12.2025 во 17:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Потпишан е Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини со што се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоуправа, за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“.

    Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска на „Фејсбук“ напиша дека со потпишувањето официјално и целосно се откочуваат сите процеси поврзани со подготовката и реализацијата на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“.

    – Со овој значаен чин се воспоставува јасна и цврста рамка за координирана, одговорна и партнерска соработка на сите нивоа на локалната самоуправа. Во периодот што следи, сите институционални капацитети, ресурси и човечки потенцијали ќе бидат обединети и ставени во служба на достоинствено, непречено и успешно спроведување на програмата „Скопје 2028“, во духот на европските вредности, културната разноликост и активното учество на граѓаните, смета Ѓорѓиевски.

    Во објавата се наведува дека потпишувањето на меморандумот испраќа силна порака за заедништво, единство и институционална зрелост, како и јасна потврда дека Скопје е подготвено со одговорност и визија да ја понесе оваа значајна европска улога.

    – Овој ден е повод за гордост за сите нас, за градот, за општините, за културниот сектор и за граѓаните. Тој е доказ дека кога сме обединети околу заедничка цел и јасна визија, Скопје може да биде силен, отворен и достоинствен европски културен центар. Со ова, проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ влегува во нова, стабилна и динамична фаза на реализација, во која културата, уметноста и граѓаните се во срцето на идниот развој на нашиот град. Најдоброто, доаѓа, додава градоначалникот.

    Популарно

    Трагедија во Куманово: Пронајдено тело на почината жена

    22.03.2026 во 13:33

    Трагедија во Истанбул: Се урнаа две згради, во тек е голема спасувачка операција

    22.03.2026 во 13:20

    Мицотакис со порака до туристите: Нема причина за загриженост, Грција е безбедна дестинација

    22.03.2026 во 13:04

    Филмска уцена во Тетово: Барал 5.000 евра за да не објави снимки од разговори

    22.03.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.