Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Павловска Данева за Сител: Успешно емитувана првата седница на Уставниот суд во живо

    07.03.2026 во 13:50

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС наликува на секта

    07.03.2026 во 13:45

    Лефков: Битиќи сам си призна дека СДС нема да бидат конкуретни на следните изброи

    07.03.2026 во 13:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Павловска Данева за Сител: Успешно емитувана првата седница на Уставниот суд во живо
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС наликува на секта
    • Лефков: Битиќи сам си призна дека СДС нема да бидат конкуретни на следните изброи
    • Филипче свика вонредна прес-конференција
    • Лефков: Македонија е спремна за евентуална криза – имаме доволно залихи
    • Уапсен маж: Следел 51-годишна жена, ја фотографирал и телефонски ја вознемирувал
    • Жесток бран напади: Најмалку три експлозии на небото над Ерусалим
    • Емирејтс објави прекин на летовите од и кон Дубаи, па повторно ги воспостави
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа потписи: Ќе се градат катни гаражи околу Комплекс клиники

    Паднаа потписи: Ќе се градат катни гаражи околу Комплекс клиники

    07.03.2026 во 12:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција информираа дека е потпишан договор за закуп со Град Скопје, со што се овозможува изградба на катни гаражи во кругот на комплексот клиники.

    -Со договорот се создаваат услови за системско решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во кругот на клиничкиот центар, како еден од клучните приоритети за подобрување на пристапот на пациентите и условите за работа на здравствените работници. Договорот е склучен на период од 15 години и предвидува закупнина во висина од 10 проценти од вкупно остварениот промет. Со неговата реализација се очекува модернизација на системот за паркирање и зголемување на капацитетите за паркирање за околу 50 проценти, истакна министерот Алиу.

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека на самиот почетокот од решавањето на проблемот со паркинг просторот ќе бидат изградени две катни гаражи, со што ќе се добијат најмалку 500 нови паркинг места.

    „Ова е капитален проект не само за градот Скопје, туку и за цела Македонија, бидејќи доаѓаат пациенти од целата држава“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

    Согласно договорот, Град Скопје има обврска во рок од 60 дена да достави акциски план со конкретни рокови за спроведување на активностите поврзани со организирање, управување, уредување и одржување на паркиралиштата во комплексот.

    Во рамки на проектот е предвидена и комплетна дигитализација и мониторинг на паркирањето. Ќе бидат поставени информативни табли и дигитален систем за насочување на граѓаните, како и таканаречен „паметен паркинг систем“ со сензори за детекција на слободни паркинг-места, камери со автоматска регистрација на возила и мобилна апликација за информации, резервации и плаќање во реално време.

    Проектот опфаќа и урбано и хортикултурно уредување на просторот, со ново зеленило, пешачки патеки и модерно LED осветлување. Со ова решение се очекува значително подобрување на сообраќајниот режим и условите за пристап до здравствените услуги во кругот на Клиничкиот центар.

    Популарно

    Скандал во Црна Гора: Поранешна функционерка заврши во полиција поради експлицитни снимки

    07.03.2026 во 10:56

    СДСМ: ВМРО и Мицкоски ветуваа дека ќе го вратат името, зошто чекаат?

    07.03.2026 во 10:46

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    Балканот во шок: Дојави за бомби – се вршат итни евакуации

    07.03.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.