Close Menu
Press24
    Најново

    65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони

    02.03.2026 во 23:47

    Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера

    02.03.2026 во 23:30

    Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија

    02.03.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 65-годишен прилепчанец дилал дрога во затвор, кривично ќе се гони
    • Среде Центар: Шкода заврши на жардиниера
    • Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија
    • Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму
    • Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет
    • Репрезентативецот Стефан Ашковски успешно евакуиран од Иран
    • Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
    • Пентагон: САД нема да се впуштат во нова „бесконечна“ војна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата

    Паднаа командир и четворица полицајци – Се сомничат за попречување на правдата

    16.12.2025 во 14:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното ОЈО за ГОКК– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против Б.И., командир на Полициско одделение Чегране, К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е. , сите полициски службеници од Полициско одделение Чегране при СВР Тетово, поради основи на сомнение за сторно кривично дело „попречување на правдата“, предвидено и казниво по член 368 став 8 од Кривичниот законик.

    Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавените полициски службеници во повеќе наврати во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење од подносител, измениле и изготвиле дополнителен службен материјал со кој ја промениле фактичката состојба, со што го спречиле, прикриле и го отежнале докажувањето за утврдување на бесправното градење во постапка која се води пред суд или друг орган надлежен за утврдување на бесправно градење.

    Воедно, пријавените извршиле преквалификација на примената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување спрема подносителот на поплаката на начин што без да ја констатираат фактичката состојба изготвиле записник за констатиран прекршок и барање за поведување на прекршочна постапка против подносителот на поплаката.

    ОВККИПС по добиена согласност од ОЈО за ГОКК, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психолошки  и психијатриски преглед.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Израел нареди итна евакуација на делови од Техеран: На нишан е државната телевизија

    02.03.2026 во 23:05

    Иран го затвори Ормутскиот теснец и се закани дека ќе го запали секој брод што ќе проба да мине оттаму

    02.03.2026 во 22:54

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.