ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Н.С.(59) и Р.С.(34), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавнеото, тие во периодот од јуни 2023 до ноември 2025 година на лице од Неготино му давале пари на заем со писмени и усни договори, а за себе договарале несразмерна имотна корист во вкупна вредност од 167.000 денари. за што оштетениот доставил и докази.
Со наредба од Основен суд Кавадарци извршен е претрес во нивниот дом и помошни простории, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони, а од Н.С. се одземени тефтери со забелешки, по што двајцата се лишени од слобода.
Актуелно
- Кривична против двајца млади скопјани – со тврд и остар предмет нападнале маж
- За овие три хороскопски знаци не постои „не можам“
- Европската Унија го проблематизира адиктивниот дизајн на ТikTok
- Карпошани ќе добијат Младински и ресурсен центар
- Норвешка одвојува 86,4 милиони евра за фондот за поддршка на енергетиката на Украина
- Посета во Вашингтон: Фокус на регионалната интеграција итрансатлантското партнерство
- Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
- Полицајци, наставничка и пожарникар од Скопје направиле криминална шема – ваделе брзи пасоши за граѓаните

