Вчера полициските службеници уапсиле две лциа од Виница во чие возило пронашле марихуана.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (03.10.2025) во 16:05 часот во с.Истибања, виничко, полициските службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода А.А.(29) и Ф.В.(19) двајцата од Виница.

При преглед на патничко возило „голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.А., а сопатник бил Ф.В., пронајдена е и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Leave A Reply

Exit mobile version