Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Н.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Пријавениот, како самостоен референт – контролор во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи при СВР Велес, постапувајќи по предмет за одземање на оружје и дозвола за поседување на оружје од лице за кое претходно се водела управна постапка, иако бил истечен законски утврдениот рок, пријавениот спротивно на одредбите од Законот за општата управна постапка, ја повторил постапката и изготвил решение со кое ја запрел и покрај тоа што за истиот предмет Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен Скопје донела решение со правна поука во која лицето било упатено на поведување управен спор пред надлежен Управен суд.
Со наведените дејствија, пријавениот му овозможил на лицето да му биде вратено одземеното оружје и дозволата за поседување на оружје. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Н.Т. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место.
- Истрагата се проширува: Се вештачат три телефони на осомничениот за убиството на жената, притворот продолжен за нови 48 часа
- Падна дилер од Прилеп: МВР му пронајде марихуана и прашкаста материја при претрес во домот
- Ужас во Охрид: Син со нож го нападнал сопствениот татко среде бел ден
- Во 2030 година со воз од Скопје до Софија – пробиен последниот тунел кај Крива Паланка
- На државно земјиште си изградил куќа – жител на Центар Жупа заработи кривична
- Трамп доби „зелено светло“ за војната: Сенатот ја отфрли резолуцијата за запирање на нападите врз Иран
- Судење за трагедијата во Пулс: Одбраната побара спојување со актот против 13 полицајци
- Газда Деко нема да биде префрлен во Шутка – Само душекот не му бил добар

