Падна првиот секс на Евровизија: Пејачка со бујно деколте од соседството, го ќари 11 години помладиот Естонец

Откако минатата година се шпекулираше за симпатиите помеѓу Сања Вучиќ и Дамијано Давид, минатогодишниот победник на Евровизија, медиумите јавуваат дека имаме нов евровизиски пар.

Изборот за песна на Евровизија е одбележан со многу музика, но и собири на музичари од сите делови на Европа, па меѓу двајца од нив, годинава се родија посебни симпатии, пишуваат медиумите.

Според тамошните медиуми, во Торино последните денови одекнуваат насмевките на црногорската претставничка Владана Вучиниќ и 11-години помладиот Естонец, Стефан, а дека хемијата е очигледна можат да посведочат сите оние кои биле во нивно друштво.

Владана и Стефан се запознале во Романија и се дружеле за време на националните избори за „Евровизија“. Овде се развило пријателството кое очигледно и судејќи според изјавите на нивните пријатели прераснало во нешто повеќе.

– Тие двајца се неразделени во Торино, заедно се по цел ден и не им е проблем што секогаш се опкружени со претставници на медиумите, но и со фанови на ова натпреварување – истакна неименуван извор.

И Владана и Стефан, инаку, за прв пат ќе настапат вечерва, на втората полуфинална вечер на Евровизија. Црногорката ќе се претстави со песната „Breathe“, додека Стефан ќе ја изведе песната „Hope“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vladana (@vladanavucinic)

https://www.instagram.com/p/CdVxwdJqOrz/?utm_source=ig_embed&ig_rid=bf19...

12.05.2022 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега