СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.
Актуелно
- (ВИДЕО) Хаос во Штип: Се сруши потпорен ѕид, бетонски блокови згмечија автомобили
- Армијата се модернизира: „Страјкерите“ стигнаа во Грција, наскоро ќе влезат во Македонија, Мисајловски најави дека годинава пристигнуваат сите 42 оклопни возила
- (ФОТО) Катастрофа во Муртино: Дождот ги поплави домовите
- Крадец од Куманово „падна“ по централна потерница – го чекаат над 3 години затвор во Идризово
- Вучиќ: Се борев и Македонија и БиХ да станат членки на ЕУ
- Мортус пијан кратовчанец со 3,19 промили алкохол во крвта излетал од патот
- Трагедија во струмичко: Надојдената река Тркања за 10 минути однесе 120 јагниња и 100 овци
- Родители внимавајте: Се повлекува бебешка формула од 60 земји, починаа две бебиња

