СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.
Актуелно
- Поплави во струмичко, во Валандово река се излеа на пат
- Црн биланс на патиштата во Македонија: Прегазени три жени – итно пренесени во болница
- Мицкоски го честиташе Свети Сава: Наследството на светителот е темел на образованието и заедништвото
- Падна криминална банда кај Свети Николе: Запленети 200 кг марихуана сокриена во возило качено на шлеп-служба
- Потоп во Крива Паланка – наврнаа 39 литри на квадратен метар дожд
- Горивата поскапеа, ова се новите цени од полноќ
- (ФОТО) Филмска акција во Скопје: Полицијата сопре возило, внатре пронајдени две торби полни со марихуана
- Минчев: ЗНАМ е коректор во Владата

