Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“.
Пријавениот, во својство на полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.02.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „Пајак“, побарал и примил поткуп од лице од Куманово за да не му изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог за сообраќаен прекршок поради непрописно паркирано моторно возило, со што овозможил да не биде казнет за констатираниот сообраќаен прекршок.
Одделот за внатрешна контрола против Р.С. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување од работното место.
- Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
- Израел со силен воздушен бран во Бејрут
- Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
- Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
- Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
- Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
- Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела
- „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

