Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Б.Т., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“.
Пријавениот Б.Т., полициски службеник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, на 16.05.2025, при извршување службени задачи и преземање полициски овластувања во врска со пријавено кривично дело се стекнал со податоци кои претставуваат службена тајна во предистражна постапка.
Додека, на 19.05.2025, при приватна комуникација преку мобилна апликација, добиените податоци ги споделил на бранител на осомничен во постапката, а се однесувале на дадени искази на лица лишени од слобода на кои им била определена мерка притвор, како и податоци во врска со издадени наредби за приведување на лице.
- Три активни пожари во Македонија, гори Пробиштип, Свети Николе и Богданци
- Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедуваме повеќе пари за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и стабилни јавни финансии
- Пожар во продажен објект во Гевгелија, еден пожарникар пренесен во болница
- Повреден рудар од кривопаланечко
- Трагедија ја потресе Македонија: Велешанец со камион усмрти пешак
- Падна полицаец од Прилеп, оддавал службени тајни на адвокат преку мобилна апликација
- ДУИ: ВЛЕН за две години ги урива 24- годишните достигнувања на Албанците
- Просечната нето-плата во април изнесуваше 48.779 денари


