Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на работно место полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, преку социјална мрежа започнал комуникација со едно лице, при што директно побарал парични средства за себе за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно договорил на 05.04.2026, додека извршувал работни задачи на граничниот премин, на излез од државата да го пропушти лицето и патничкото моторно возило, кое го управувал, иако не е негова сопственост, не поседувал полномошно и возилото евидира како украдено на „стоп листата“ во системот за контрола на патници и возила.
Одделот за внатрешна контрола против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка – отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. објавува Журнал.мк
- Уапсен возачот кој пијан усмрти маж и жена
- Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска која со нож ги уби сопругот и свекорот во Кратово
- Невреме во велешко и кичевско: Пороен дожд, грмежи и појава на суградица
- Падна полицаец од Ќафасан: Преку социјални мрежи барал поткуп за да пропушти украдено возило
- Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој ја призна вината за телесна повреда
- Утре ќе нема струја до 14 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
- Итно предупредување од УХМР: Нестабилна маса со пороен дожд, грмежи и град се движи низ Македонија
- Семејно насилство во тетовско: Син по расправија физички ја нападнал мајка си


