Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со итно предупредување за ненадејна промена на временските услови во дел од земјава.

Според најновите сателитски и метеоролошки мерења на синоптичарите, регистриран е брз развој на нестабилност која веќе предизвикува невреме.

„Во моментов има нестабилна облачна маса во планинските предели со појава на пороен дожд, грмежи и појава на град“, се вели во итното соопштение на УХМР.

Од таму дополнуваат дека оваа нестабилна маса не е статична и во моментов се движи во правец од запад кон исток.

Граѓаните кои се наоѓаат во планинските предели, но и во населените места кои се на линијата на движење на облачноста, се повикуваат на зголемена будност.

Метеоролозите препорачуваат при појава на силни електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Exit mobile version