Викендов полиција во Битола разбила една од групите која преку телефонски измами изнудувала пари, претежно од повозрасни граѓани. Во измамата тие се претставуваат како лекари или полицајци и со лажна информација дека нивни роднини доживеале тешка сообраќајна несреќа барале итно да им се донесат пари за операција или за заташкување на случајот.
Според истрагата, битолската група оперирала во периодот од ноември 2025 до 21 февруари 2026.
Овој модел на измама не е нов и во изминатите години повеќе вакви случаи беа регистрирани во Скопје, Кавадарци, Прилеп, Куманово и други градови.
Од МВР апелираат граѓаните, особено повозрасните, да не даваат пари или накит на непознати лица и секогаш да ја проверат информацијата преку директен контакт со роднините или со полиција.


