Фудбалскиот свет е во шок по веста за смртта на младиот сенегалски напаѓач Јусу Диуф, кој почина во неделата веднаш по завршувањето на натпреварот меѓу АС Салуум и Амитие.

Трагедијата се случила во рамките на 16-тото коло од втората лига на Сенегал. Веднаш по последниот судиски свиреж, Диуф доживеал срцев удар и колабирал на теренот пред очите на присутните.

Она што ја прави ситуацијата уште попотресна е фактот дека за младиот напаѓач ова бил дебитантски настап. Тој во игра влегол во последните десет минути од средбата, не претчувствувајќи дека тоа ќе бидат неговите последни моменти на фудбалските терени.

Иако медицинските екипи реагирале веднаш и започнале со реанимација на теренот, за несреќниот фудбалер немало спас. Смртта била констатирана на самото место, оставајќи ги соиграчите и навивачите во неверување.

Exit mobile version