Судот одлучи по случајот во ФФМ во кој се осомничени 18 лица за проневера во службата и перење пари. Илчо Ѓорѓиоски заедно уште двајца добија притвор од 30 дена. Пет лица добија мерка куќен притвор, а мерки за претпазливост за уште 4 лица. 5 лица опфатени со истрагата се недосстапни на органите на прогонот.
Постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК, за определување мерка притвор и мерки на претпазливост, против 12 лица кои утрово беа спроведени во судот, судија на претходна постапка, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерка притвор против И.Ѓ., О.М., и Ѓ.Ч е прифатен и определена е мерка ефективен притвор од 30 дена, додека за Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А. е определна мерка куќен притвор.
Воедно прифатен е предлогот и за определување мерки за претпазливот против, Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Дополнително се одлучува и за определување мерка притвор против 2 лица и мерки за претпазливост против 3 други лица кои во моментов се недостапни


