Бедри Бериша алиас Зекири бил уапсен денеска во акција на АНБ и на МВР. Претходно за него беше издадена потерница, а се поврзува со скопскиот нарко клан Барон, пренесува ТВ Телма.

Пред пет години бил запрен и приведен на граничниот премин „Блаце“, но по интервенција на полициски началник бил пропуштен, пред да се утврди дека по него има распишана потерница.

Од МВР за Телма потврдија дека уапсениот бегалец за кого има затворска казна за обид за убиство е префрлен во полициска станица во Скопје.

Exit mobile version