Собранието попладнево едногласно ја поддржа потребата од носење на новиот Кривичен законик, со кој конечно ќе се стави крај на контроверзните измени од септември 2023 година. Овие измени, кои тогашната власт ги донесе под „европско знаменце“, предизвикаа вистински хаос во правдата, дозволувајќи застарување на бројни предмети за висока корупција и злоупотреба на службената должност.

Со новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, државата се враќа на патот на строгите казни и европските стандарди, откако дури и Уставниот суд претходно даде рок од шест месеци за промена на законот. Интересно е што дури и пратеничката група на СДСМ, преку координаторот Оливер Спасовски, даде поддршка за овие измени, признавајќи дека е потребна целосна реформа во оваа сфера.

Што предвидуваат новите измени на КЗ:

Проект „Безбеден град“: Хармонизација со новите технологии за контрола на сообраќајот и полесно одземање на предмети кај сообраќајните прекршоци.

Борба против „одмаздничко порно“: Се воведува ново кривично дело – инкриминирање на злоупотреба на туѓа снимка или фотографија со сексуално-експлицитна содржина.

Заштита на жените: Целосно усогласување со Истанбулската конвенција. Насилството врз жените и семејното насилство веќе нема да се гонат само по приватна тужба, туку исклучиво по службена должност.

Спречување на питачењето: Се воведуваат нови облици на кривичното дело „Трговија со дете“ за да се сузбие организираното питачење на македонските улици.

Exit mobile version