Close Menu
    Најново

    Падна одлука во Собранието: Изгласан новиот Кривичен законик- Построги казни за корупција, крај за питачењето и затвор за злоупотреба на интимни снимки

    12.01.2026 во 17:41

    Ангелова од Собранието порача: Со измените во Кривичниот законик ја враќаме правната држава

    12.01.2026 во 17:15

    Европа змрзне, температурата падна на -42, во Киев -20

    12.01.2026 во 17:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Падна одлука во Собранието: Изгласан новиот Кривичен законик- Построги казни за корупција, крај за питачењето и затвор за злоупотреба на интимни снимки
    • Ангелова од Собранието порача: Со измените во Кривичниот законик ја враќаме правната држава
    • Европа змрзне, температурата падна на -42, во Киев -20
    • Скандал во тетовско: Ја уценувал партнерката со експлицитни фотографии за пари – МВР поднесе кривична пријава
    • Спречен шверц во Идризово: Затворските чувари пронајдоа пратка од 220 таблети скриени во пакет
    • Драма на бензинска во Кисела Вода: Разбојници со закани се обиделе да направат грабеж
    • Филмска брканица од Миладиновци до Преод: Струмичанец удрил полицаец на патарина и се обидел да побегне, па паднал во рацете на полицијата
    • Пожар проголта куќа и работилница во Виница – сопственикот се бори за живот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Падна одлука во Собранието: Изгласан новиот Кривичен законик- Построги казни за корупција, крај за питачењето и затвор за злоупотреба на интимни снимки

    Падна одлука во Собранието: Изгласан новиот Кривичен законик- Построги казни за корупција, крај за питачењето и затвор за злоупотреба на интимни снимки

    12.01.2026 во 17:41
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Собранието попладнево едногласно ја поддржа потребата од носење на новиот Кривичен законик, со кој конечно ќе се стави крај на контроверзните измени од септември 2023 година. Овие измени, кои тогашната власт ги донесе под „европско знаменце“, предизвикаа вистински хаос во правдата, дозволувајќи застарување на бројни предмети за висока корупција и злоупотреба на службената должност.

    Со новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, државата се враќа на патот на строгите казни и европските стандарди, откако дури и Уставниот суд претходно даде рок од шест месеци за промена на законот. Интересно е што дури и пратеничката група на СДСМ, преку координаторот Оливер Спасовски, даде поддршка за овие измени, признавајќи дека е потребна целосна реформа во оваа сфера.

    Што предвидуваат новите измени на КЗ:

    Проект „Безбеден град“: Хармонизација со новите технологии за контрола на сообраќајот и полесно одземање на предмети кај сообраќајните прекршоци.

    Борба против „одмаздничко порно“: Се воведува ново кривично дело – инкриминирање на злоупотреба на туѓа снимка или фотографија со сексуално-експлицитна содржина.

    Заштита на жените: Целосно усогласување со Истанбулската конвенција. Насилството врз жените и семејното насилство веќе нема да се гонат само по приватна тужба, туку исклучиво по службена должност.

    Спречување на питачењето: Се воведуваат нови облици на кривичното дело „Трговија со дете“ за да се сузбие организираното питачење на македонските улици.

    Популарно

    Македонија мрзне: Утрово измерени -16 степени

    12.01.2026 во 09:37

    Земјотрес ја стресе Македонија

    12.01.2026 во 08:21

    Ова се победниците на вчерашните повторени избори во четири општини

    12.01.2026 во 09:05

    (ВИДЕО) Камерите го снимиле ударот: Непознато лице со бокс ја искршило вратата на бугарската амбасада – МВР трага по сторителот

    12.01.2026 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.