Падна одлука: Притвори на осомничените за продажбата на парцели за „ЕВН Електрани“

 

Кривичен суд им одреди притвор на двајцата управители на „ЕВН Електрани Македонија“, Мирослав Митровски и Игор Гиевски, заедно со третоосомничениот помагач во случајот поврзан со купопродажба на парцели за фотонапонски централи во Делчево, објави порталот „А1он“.

Информацијата се уште не е потврдена од судот.

Одлуки се донесени и за останатите четири осомничени лица за кои се бараа мерки за обезбедување присуство, пренесува А1он.

27.05.2022 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега