Close Menu
Press24
    Најново

    Денеска се Младенци: Денешниот ден го открива времето за цела пролет, а еве што треба да јадете за здравје

    22.03.2026 во 11:11

    Клучни разговори во Флорида: Тимот на Трамп и украинските преговарачи бараат излез од војната

    22.03.2026 во 10:52

    СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами, цените во маркетите веќе вртоглаво растат

    22.03.2026 во 10:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Денеска се Младенци: Денешниот ден го открива времето за цела пролет, а еве што треба да јадете за здравје
    • Клучни разговори во Флорида: Тимот на Трамп и украинските преговарачи бараат излез од војната
    • СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами, цените во маркетите веќе вртоглаво растат
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание на Башановиќ, екс-советникот на Заев го води ПР тимот
    • Пролетта носи изненадувања: Делови од Македонија се разбудија со температури под нулата
    • Мицкоски денеска ќе одржи прес-конференција
    • АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
    • Се чека одлука: Владата денеска носи вонредни мерки против поскапувањето на горивата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна одлука: По 6.000 денари за секое новороденче во оваа општина

    Падна одлука: По 6.000 денари за секое новороденче во оваа општина

    12.01.2026 во 14:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства.

    Во рамки на овие заложби, Општина Илинден во 2022 година воведе субвенции за секое новородено бебе на територија на општина Илинден. Мерката се спроведува континуирано и досега изнесуваше 5.000 денари по новороденче, при што во изминативе четири години околу 470 граѓани го остварија своето право на еднократна парична помош. Со цел дополнително унапредување на оваа мерка, Општина Илинден оваа година донесе одлука за зголемување на износот на субвенцијата.

    Првото решение за исплата е веќе потпишано, а износот на финансиската помош за сите новородени бебиња од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 6.000 денари. Со зголемување на износот на оваа субвенција, за која се обезбедуваат финансиски средства од Буџетот на Општина Илинден, Општината уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка на младите семејства и создавањето поповолни услови за живот.

    Потребната документација за остварување на правото на еднократна парична помош, како и Барањето за доделување на финансиска поддршка за семејства со новороденче се достапни на официјалната веб-страница на Општина Илинден ( www.ilinden.gov.mk ), како и во Архивата на Општината.

    Популарно

    Денеска се Младенци: Денешниот ден го открива времето за цела пролет, а еве што треба да јадете за здравје

    22.03.2026 во 11:11

    Клучни разговори во Флорида: Тимот на Трамп и украинските преговарачи бараат излез од војната

    22.03.2026 во 10:52

    СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами, цените во маркетите веќе вртоглаво растат

    22.03.2026 во 10:43

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание на Башановиќ, екс-советникот на Заев го води ПР тимот

    22.03.2026 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.