Вчера во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода Н.С.(40) од с.Горно Лакочереј, охридско.
Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе треба да плати за да ја пуштат, односно да ја ослободат од наводно обвинение. Откако се договориле жената му ги дала парите и тој заминал.
По преземени мерки и активности во соработка со Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал, тој е пронајден и лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама”.
- Хаос на Блискиот Исток: Над 400 Македонци чекаат евакуација, МНР подготвува план
- Повисоки плати од март: Минималецот зголемен за 1.667 денари, соопшти министерот Дурмиши
- Ужас во Скопје: 35-годишна жена со тешки повреди заврши во болница, сопругот ја претепал и ѝ се заканувал со убиство
- Приведен кавадарчанец: Превезувал украдени дрва со нерегистрирано возило, без возачка, поминал на црвено и не застанал даден знак од полицијата
- (ВИДЕО) Цело обезбедување чека – Претседателката вади пари од банкомат
- Добри вести: Минималната плата во Македонија се зголемува
- Трчајте на бензинска: Горивата поскапуваат
- Полицијата во шок откако стопирала „голф“ и „мерцедес“ во Охрид и Струга

