Вчера околу 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го приведоа С.В.(45) од Италија.
При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција и други предмети.
По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Хорор во Солун: Пронајдени телата на две исчезнати жени, полицијата се сомнева на сериски убијци
- Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние ќе го подобруваме квалитетот на образованието
- Мицкоски утре на терен: Ќе изврши увид во градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани
- Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
- Пиромнот кој го запали автомобилот на Бака Прасе одбива да зборува
- (ФОТО) Ова е 24-годишното момче од Велес кое загина на градилиште
- Падна камионџија: Српската полиција заплени 50 килограми марихуана во камион од Унгарија
- Украдени се работите на Бака Прасе од запалениот автомобил вреден половина милион евра


