Вчера во 17:00 часот, полициски службеници Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.А.(32) од Кавадарци.

При претрес во домот во кој престојувал во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, зелена течна материја и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version