Close Menu
Press24
    Најново

    „Кујните крцкаа, куќата се тресеше“ – земјотрес ја погоди Хрватска

    03.03.2026 во 09:15

    Земјотрес утринава ја стресе Македонија

    03.03.2026 во 09:05

    Дневен хороскоп: Големи пресврти за Девиците, Рибите се навраќаат на минатото

    03.03.2026 во 09:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Кујните крцкаа, куќата се тресеше“ – земјотрес ја погоди Хрватска
    • Земјотрес утринава ја стресе Македонија
    • Дневен хороскоп: Големи пресврти за Девиците, Рибите се навраќаат на минатото
    • Вистинска пролет во Македонија – УХМР со убави вести за времето
    • СДСМ: Со нашата политика Македонија е безбедна во овие тешки времиња
    • Пукање во Чаир
    • Со месеци ја следел – Скопјанка пријавила тортура од поранешниот партнер
    • Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна авион во Мексико: Најмалку седум загинати, тројца исчезнати, пилотот пред падот рекол „Се уриваме“

    Падна авион во Мексико: Најмалку седум загинати, тројца исчезнати, пилотот пред падот рекол „Се уриваме“

    16.12.2025 во 09:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Најмалку седум лица го загубија животот при пад на мал авион во централно Мексико, додека уште три лица се водат како исчезнати, соопштија синоќа мексиканските воздухопловни власти, пренесува ДПА.

    Несреќата се случила во индустриска зона во градот Толука, во близина на локалниот аеродром.

    Авионот, од типот „Cessna Citation“, полетал од туристичкиот град Акапулко на Тихиот Океан и се упатил кон Толука, информира Министерството за транспорт.

    Според медиумските извештаи, во авионот имало вкупно десет лица – двајца членови на екипажот и осум патници, меѓу кои и три деца.

    Трагедијата е проследена со драматични детали од комуникацијата. Во последната комуникација со контролата на летање, пилотот наводно ја известил контролата со зборовите: „Се уриваме“.

    Снимки од безбедносните камери ги забележале последните моменти пред падот.

    Нема пријави за повредени лица на земја, но ударот на леталото предизвикал голем пожар во индустриската зона, пренесува германската агенција. Авионот удрил во работилница за поправка на камиони.

    Сведоци изјавија дека пилотот во последните моменти се обидел да изврши вонредно слетување на фудбалско игралиште, пред леталото да се удри во земјата со голема брзина.

    Причината за падот засега останува непозната и се истражува.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет

    02.03.2026 во 22:41

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.