Ова се петте најлоши земјотреси во 21 век – еден уби над 300.000 луѓе

 

Повеќе од 17.000 луѓе загинаа во ЗЕМЈОТРЕСИТЕ во Турција и Сирија, а се очекува тој број да се зголеми. Ова го направи овој земјотрес еден од најсмртоносните во последните децении. Меѓутоа, во последните децении гледаме и поразорни земјотреси.

Така, во 2004 година, земјотрес од 9,15 степени според Рихтеровата скала го потресе Индискиот Океан. Земјотресот бил со епицентар во близина на островот Суматра, а силното тресење создало огромно цунами кое ги погоди бреговите на Индонезија, Тајланд, Индија и Шри Ланка. Најмалку 230.000 луѓе загинаа.

Хаити беше погоден од земјотрес од 7,0 степени во 2010 година. Земјотресот го погоди главниот град Порт-о-Пренс и уби околу 316.000 луѓе и уништи над 80.000 згради. Повеќе од 87.000 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Кина во 2008 година.

Во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди Пакистан во 2005 година, загинаа 73.000 луѓе. Во соседна Индија, истиот земјотрес уби над 1.200 луѓе. Во 2003 година Иран беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот го потресе југоисточниот дел на земјата, а особено е погоден градот Бам. Убил околу 31.000 луѓе.

 

09.02.2023 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега