Ова се чекаше: Градоначалникот на Москва потврди - почна масовната вакцинација против коронавирус, за 5 часа пријавени 5.000 луѓе

Процесот на масовната вакцинација против коронавирусот во Москва е покренат, за 5 часа се пријавиле 5.000 луѓе, изјавил градоначалникот на руската престолнина. Сергеј Собјанин.

„Покренавме комплициран процес на вакцинација. Во првите 5 часа се пријавија 5.000 луѓе, станува збор за професори, доктори, социјални работници и сите оние на кои здравјето им е загрозено поради професијата со која се занимаваат“, рекол. Се огласило и Министерството за одбрана на Русија, а заменик министерот Тимур Иванов соопштил дека досега се вакцинирами повеќе од 7.000 војници.

„На располагање имаме 14.500 дози, ги поделивме меѓу воените кругови, први добија Северните и Централните. Досега вакциниравме 7.175 војници“, појаснил тој.

Во соопштението е наведено и дека обемот на производство на оваа вакцина постепено се зголемува за да биде доволно да се комплетира масовна вакцинација на граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега