Ова е седмица која ќе биде особено убава за 3 хороскопски знаци
По исполнето лето со безгрижност и убави моменти, време е работите да се вратат во нормала. Оваа сезона на Девиците ни носи можност да ги решиме проблемите и да се посветиме на своите планови.
Но, Девицата не е единствената која управува оваа недела. На 5 септември, комуникативниот Меркур навлегува во харизматичната, дипломатична и романтична Вага. Подгответе се за поинакво ниво на поврзување со другите и дозволете им да научат нешто за вас.
Ова е седмица која ќе биде особено убава за 3 хороскопски знаци.
Лав – Се чувствувате моќно и романтично
Многу астролози на светов би се сложиле дека не постои ништо поубаво од енергијата на еден романтичен Лав. Оваа недела ќе бидете исполнети со таква енергија, како постојано да имате пеперутки во стомакот. Исто така, постои голема можност луѓето да се борат за вашето внимание, па така најдобро ќе биде само да одлучите кој од нив е најдобрата опција за вас.
Девица – Се чувствувате самоуверено и силно
Оваа недела, ќе бидете инспирирани да преземете акција. Тоа ќе дојде од силниот наплив на самодоверба, драги Девици. Имате уникатна перспектива, но и целосно сте посветени на тоа да го искористите својот потенцијал. Потребна ви е само храброст да бидете свои.
Вага – Имате отворен ум и смелост за многу нешта
Дали се соочувате со желба да ги освоите луѓето околу себе? Време е да минете повеќе време со луѓето особено оние кои почнаа да ви недостасуваат за време на пандемијата. Вашиот ум е отворен и смел оваа недела. Се чувствувате моќно и интелигентно, а единственото нешто за што треба да се грижите е физичката дистанца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа