Ова е најпребаруваниот термин на Гугл за 2022 година

 

Гугл ја објави листата на најчесто пребарувани поими во 2022 година и многумина останаа изненадени.

На првото место во пребарувањата за оваа година во светот не е војната туку е играта Wordle. Според резултатите се чини дека милиони луѓе во светот ја играле играта, а милиони и пребарувале како да се дојде до неа и што е таа воопшто.

Wordle е игра за погодување зборови, која во последно време стана исклучително популарна. Целта на играта е да се погоди збор од пет букви во шест обиди. Ако ја погодите вистинската буква на вистинско место, плочката станува зелена, ако е вистинска буква на погрешно место, добивата жолт сигнал, а сивата значи дека таа буква воопшто ја нема во зборот.

Њујорк тајмс ја купи Wordle на крајот од јануари оваа година.

Втор најбаран поин на Гугл во 2022 бил Индија – Англија. Индиската репрезентација во крикет во јули 2022 година ја обиколи Англија и одигра пет натпревари против англиската крикет репрезентација. Тоа од некоја причина, ги интересирало милиони луѓе низ светот.

Трет најпребаруван поим на Гугл била Украина. Во февриари годинава почна руската инвазија на Украина и милиони луѓе во светот барале вести за војната.

На четврто место на најпребарувани поими на Гугл е кралицата Елизабета, која почина во септември годинава. Церемонијата по нејзината смрт ја следеле милиони луѓе низ светот, а интересот за нејзиниот живот и за кралското смејство нагло пораснал.

Петтиот најчесто гуглан поим повторно е поврзан со крикетот. Масовно бил пребаруван поимот индиска репрезентација во крикет и нејзиниот дуел со репрезентацијата на Јужноафриканската Република.

Актерот Џони Дип е најгуглана личност оваа година, а Новак Ѓоковиќ по неговата авантура на Австралија опен, стана најпребаруван спортист.

22.12.2022 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа