Ова е местото каде што е запален автомобилот

 

Во атарот на село Бразда се пристигнува по земјен, тесен пат кој води кон аеродромот Стенковец некаде по пречестителната станица која се наоѓа во близина на селото. 

На патот кон селото нема премногу сообраќај на две места има исклучување кои водат до таа локација.

Се обиделе да ги скријат трагите, но залудно.

Таму е запален автомобилот. По тој пат всушност се движеле со моторното возило „цитроен“. 

Да потсетиме, Вања беше убиена околу 10 часот истото утро кога била грабната.

Тие прво ја закопале, па потоа го однеле возилото за да го запалат.

Според оние информации кои се официјални од целата истрага, телото на Вања е закопано во близина на опожареното моторно возило.

Екипата на Прес24 останува на терен со најновите детали за целиот случај.

04.12.2023 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега