Close Menu
Press24
    Најново

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница

    28.10.2026 во 16:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка во Општина Ранковце

    Отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка во Општина Ранковце

    13.10.2026 во 16:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Општина Ранковце денес беше отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка, со што за првпат на жителите на оваа општина им се овозможува полесен и подостапен пристап до услугите и правата од социјална заштита.

    На отворањето присуствуваа министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Ранковце, Даниел Павловски и директорката на Центарот за социјална работа Крива Паланка.

    Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, истакна дека приближувањето на услугите до граѓаните е важен чекор кон создавање подостапен систем на социјална заштита.

    „Со отворањето на оваа подрачна канцеларија, за првпат обезбедуваме директен пристап до услугите на Центарот за социјална работа за граѓаните на Ранковце. Тоа значи дека тие ќе можат полесно да ги остваруваат своите права од социјална заштита, без да имаат потреба да патуваат до Крива Паланка. Нашата цел е институциите да бидат поблиску до граѓаните, а услугите подостапни за сите, независно од местото на живеење“, истакна министерот Велковски.

    Отворањето на подрачната канцеларија претставува чекор кон унапредување на достапноста на институционалната поддршка во помалите општини, со намалување на административните и просторните бариери со кои се соочуваат граѓаните при остварувањето на своите права.

    Министерството за социјална политика, демографија и млади продолжува со активности насочени кон унапредување на достапноста и квалитетот на социјалните услуги и создавање услови за поедноставно остварување на правата од социјална заштита.

    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.